На Интернет го погребаа Аца Лукас

Синоќа на Интернет и социјалните мрежи се појави лажна информација дека српскиот пејач Аца Лукас загинал во страотна сообраќајна несреќа.

По бројните светски ѕвезди кои ги умреа на Интернет, на ред дојде и српскиот фолкер Аца Лукас за кој вчера се појави информацијата дека го загубил животот во сообраќајна несреќа.

Оваа информација пејачот веднаш ја демантираше. - Се што можам да кажам е дека живеам како што сакам и ќе умрам на свое а не на туѓо задоволство, вели пејачот.

најчитано сега