Вугринец и Мојсовски за победа на Лахвија
Македонските репрезентативци Ренато Вугринец и Наумче Мојсоски имаа одличен настап на премиерниот меч во дресот на Лахвија во катарското првенство.
Нивниот тим славеше против Ал Араби со 31:29, а најефикасен на мечот беше токму Ренато Вугринец со осум постигнати голови. Наумче Мојсоски постигна четири. Токму тие двајца беа најзаслужни за победата на Лахвија.
Оцени ја веста
27.02.2015 - 10:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа