Јувентус без Пирло на реваншот со Борусија Дортмунд
Шампионот на Италија Јувентус ќе настапи без првиот играч Андреа Пирло на реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Борусија во Дортмунд. Пирло дуелот со Борусија во вторникот го напушти во 37.минута поради повреда. Првите проценки беа дека паузата ќе трае пократко.
Италијанецот нема да биде подготвен за настап најмалку до 18.март, кога е закажан реваншот со Борусија Дортмунд. Јувентус првиот дуел го доби со 2:1.
Покрај дуелот од Лигата на шампионите Пирло ќе го „прескокне“ и дербито со Рома што се игра во понеделник, како и натпреварите од Серија А против Фиорентина, Сасуоло и Палермо.
Оцени ја веста
26.02.2015 - 23:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа