ВИДЕО: За малку тепачка помеѓу тренерите на Леверкузен и Атлетико
Дуели и квалитетни потези овозможија уживање за љубителите на фудбалот на „Бај арена“, како и ширум светот.
Честа и престижот се важни, па затоа и спортското надмудрување може да биде жестоко.
Како и да е, победата е поубава кога се испочитувани спортското однесување и толеранцијата.
А кога е интересно на теренот, интересно е и до аут линијата, каде што во кавга беа тренерот на домашниот клуб, Роџер Шмит и двајцата предводници на мадриѓаните, Диего Симеоне и Ернан Бургос.
Шмит и Бургос се почестија со „комплименти“, а се вклучи и Симеоне, кој му се закани на колегата и арбитарот смируваше.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа