Третолигашки клуб сака да го ангажира Пол Сколс
Клубот Олдам, член на англиската Прва дивизија, трето по ранг натпреварување се обидува да ангажира звучно име.
Челниците ќе се потрудат да го доведат на клупата фудбалскиот ас од славните денови на Манчестер Јунајтед Пол Сколс.
Англичанецот е фан на Олдам, клуб од предградие на Манчестер, а досегашниот менаџер Ли Џонсон, би требало да го преземе Барнсли.
Сколс затоа е одличен за предводник во преостанатиот дел од сезоната, кој со искуството, како и квалитетот би можел да го унапреди клубот.
Преостанува англискиот фудбалер да ги израдува фановите на Олдам и да се согласи со понудата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа