Матурантите од Србија ги открија прашањата и од тестот по мајчин јазик
Откока полагањето на матурскиот испит по математика во Србија е одложено бидејќи Комисијата пронашла фотокопија од истиот, како што пренесе Телеграф, сега матурата во Србија доживеа тотално фијаско откако матурантите го откриле и тестот по мајчин јазик.
Една професорка во текот на полагањето кај еден од учениците пронашла ископиран минијатурен тест со идентични прашања, пренесува 24 вести.рс.
Инаку, за да се поништи тестот неопходни се конкретни докази и затоа засега нема да биде поништено полагањето по мајчин јазик на матурантите.
ФОТО: Сител