Легендарниот Роналдо најави враќање на фудбалскиот терен
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо, најави свое враќање на фудбалските терени. 38-годишниот Роналдо кој своевремено беше најдобриот светски голгетер, по пауза од четири години најави дека почнал со подготовки за неговиот „кам-бек„ во фудбалот, пишуваат англиските медиуми.
„Засега се тече според планот. Првенствено ќе треба да се ослободам од вишокот килограми’’, изјави Роналдо.
Роналдо кој со „Кариоките’’ двапати беше светски шампион 1994 и 2002 година, реши да заигра за американскиот тим Форт Лаурдердејл Страјкерс, чиј најголем дел од акциите поседува токму Бразилецот.
Тој сега не на посебна фитнес програма со која најнапред ќе треба да ја намали килажата, а потоа и да ја врати физичката подготвеност, па дури тогаш ќе се обиде да му помогне на својот тим.
Роналдо кој својата блескава кариера ја започна во Крузеиро, ѕвездените мигови ги имаше во најголемите европски фудбалски клубови, како: ПСВ Ајндховен, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан, а 2001 година заврши со играње фудбал во бразилскиот Коринтианс. На 518 натпревари за овие екипи Роналдо постигна 352 гола, а за репрезентацијата на Бразил тој одигра 98 средби на кои постигна 62 гола.
Оцени ја веста
25.02.2015 - 22:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа