Не им се исполни желбата на навивачите на Вардар - Прибак се сели во Бешикташ
Немања Прибак заминува од Вардар и кариерата ја продолжува во Турција, односно во тимот на Бешикташ.
Не им се исполни желбата на навивачите на РК Вардар. Македонскиот репрезентативец Немања Прибак во наредните две години ќе го носи дресот на турскиот Бешикташ.
Амбициозниот турски тим веќе се избори за место во ЕХФ Лигата на шампионите, a од следната сезона најверојатно ќе биде дел и од СЕХА лигата.
Прибак голем дел од својата кариера ја помина во Вардар, а на интернационално ниво настапуваше за словенечкиот Тримо и францускиот Нант. Во Србија освои титула со Колубара од Лазаревац, додека матичен клуб му е Железничар од Ниш.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа