Добра вест за Металург
Филип Талески нема сериозна повреда. Денешните испитувања покажале дека се работи за истегнување на латералниот лигамент и од петок Филип ќе почне со терапија, која ќе покаже колкава ќе биде паузата.
Сепак, тоа значи дека Талески ќе ги пропушти преостанатите четири средби од регуларниот дел на СЕХА-лигата. Како што е познато, регуларниот дел за Металург завршува на 1 март, кога во Скопје ќе ја пречекаме екипата на Брест Мешков.
-Сега се вратив од преглед кај д-р Боро Илиев во Ре-Медика. Констатирано е мало истегнување на страничниот лигамент и препорачано ми е да не правам магнетна резонанца, туку од петок да почнам со терапија. Оток немам, а болките се минимални, вели Талески за официјалната интернет страница на РК Металург.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа