Лазаров и двајца ракометари на Вардар во идеалниот тим на групната фаза од ЛШ
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров и двајца ракометари на Вардар се најдоа во идеалниот тим од групата фаза на Лигата на шампионите.
Во изборот на специјализираниот француски ракометен портал “hand-station” Тимур Дибиров е избран за најдобро лево крило, додека Игор Карачиќ за најдобар среден бек.
Дибиров и Карачиќ се најефикасните ракометари на Вардар оваа сезона во елитното натпреварување.
Рускиот репрезентативец е втор на листата со 69 гола, додека Карачиќ е на 15-то место, со 52 погодоци.
Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров е избран за најдобар десен бек, кој воедно е и најдобар стрелец во натпреварувањето со 76 погодоци по одигрувањето на групната фаза.
Најдобрите седум според “hand-station”:
ЛЕВО КРИЛО: ТИМУР ДИБИРОВ (ВАРДАР)
Лев Бек: Момир Илиќ (Веспрем)
СРЕДЕН БЕК: ИГОР КАРАЧИЌ (ВАРДАР)
Пикер: Камил Сипжак (Висла Плок)
ДЕСЕН БЕК: КИРЕ ЛАЗАРОВ (БАРСЕЛОНА)
Десно крило: Драган Гајиќ (Монпелје)
Голман: Роланд Миклер (Веспрем)
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа