Лоши вести за РК Вардар: Во осминафиналето против најтешкиот можен противник
Полскиот вицепрвак Висла Плоцк ќе биде противник на Вардар во осминафиналето од Лигата на шампиопните. Најмалку посакуваниот противник во црвеноцрниот табот приреди серија изненадувања во групната фаза славејќи дома на д Барселона и Флензбург. Тимот има голем број странски ѕвезди и игра квалитетно особено во ситуациите кога фаворитската улога ја има противничкиот тим.
Првиот меч ќе се игра во периодот меѓу 11 и 15 март во Полска а реваншот една недела подоцна во Јане Сандански во Скопје.
Барселона на Кире Лазаров се падна со Алборг од Данска.
Оцени ја веста
24.02.2015 - 12:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа