„Граѓаните“ не се плашат од Барселона
Капитенот на англискиот шампион Манчестер Сити, Винсент Компани изјави дека неговите соиграчи не се плашат од шпанската Барселона, против која вечерва ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.
- Не се плашиме од нив, ниту од било кој друг тим, особено не во оваа фаза од натпреварувањето, изјави Компани за англиската телевизија „Скај Спортс“.
Дуелот меѓу Манчестер Сити и Барселона е практично реприза на минатогодишното осминафинале во ЛШ, кога шпанската екипа до место во четвртфиналето стигна со вкупната победа од 4:1. Тогаш Барселона целата работа ја заврши уште на првата средба во Манчестер каде со головите на Меси и Алвеш славеше победа со 2:0.
Сепак, Компани и неговите соиграчи сега уверуваат дека ја научиле лекцијата од лани, и дека сега работите стојат поинаку.
„Во Лигата на шампиони се бориме подеднакво како што тоа го правиме и во Премиер лигата. Историјата нѐ научи, дека може да напредуваме, што се потврдува низ изминативе шест сезони. Ова ќе биде добара можност да го потврдите тоа’’, дополни Компани.
Покрај дуелот меѓу Манчестер Сити - Барселона, вечерва ќе се игра и правата средба меѓу Јувентус - Борусија Дортмунд, додека во среда на програмата се средбите, Арсенал - Монако и Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид.
Сите четири натпревари ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа