Уапсени девет лица поради протестите во Бугарија
Бугарската полиција вчера уапси деветмина учесници на антивладините протести пред зградата на Владата на Бугарија во Софија.
Според полицијата, повеќето од приведените се лишени од слобода затоа што кај нив е пронајдено ладно оржује.
Инаку, на протетсите излегоа 7000 лица.
Повод за овие протести беше изборот на контроверзниот бизнисмен и пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи, Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност.
ФОТО: Фактор