МРТ не ги облече Кирил и Методиј како попови

-Согласно објавите низ електронските медиуми за наводната кривица на МРТ за несоодветното костимографско претставување на свештениците пред спомениците на македонските просветители, МРТ остро ги осудува ваквите објави од страна Детскиот Културен Центар, со образложение дека МРТ не стои зад организацијата и планирањето на било какви активности од ваков тип, стои во реакцијата на Македонската радио телевизија.

Од МРТ информираат дека за да помогнат, ставиле на располагање дел од своите костимографски капацитети на Детскиот Култуен Центар на нивно барање и иницијатива, како и целосна слобода да одберат по нивна желба костими од фундусот на МРТ.

-Апелираме до институцијата Детски Културен Центар, како организатор на наведените активности да си ги ревидира своите ставови, наведениот пропуст од нивна страна и да си  превземе соодветни мерки, се вели во соопштението од МРТ.

Инаку, утрово дел од македонските портали објавија дека МРТ стои зад грешката во облекувањето на туристичката стража која ги забавува посетителите на плоштад „Македонија“.

најчитано сега