Македонија со 11 атлетичари на Балканското првенство во сала во Истанбул

 
 
На претстојното Балканско првенство во атлетика во сала што на 21 февруари ќе се одржи во Истанбул, македонската селекција ќе биде претставена со 11 атлетичари во двете конкуренции.
 
Кај мажите ќе учествуваат: Ристе Пандев, Александар Таневски, Славе Коевски, Ѓорѓи Кузмановски, Александар Стојановски, Јованче Јанковски и Славчо Мирчевски, додека кај жените учество изборија: Валбона Селими, Дрита Ислами, Христина Ристеска и Мартина Мироска.
 
Седум македонски атлетичари беа учесници на Куп Истанбул, а најдобар резултат имаше Ристе Пандев, кој на трката на 60 метри го освои второто место со време 7.15 секунди. Натпреварот се одржа на 19 февруари.
 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега