Реал Мадрид победи на гостувањето кај Шалке

 

Актуелниот европски првак Реал Мадрид е пред пласман во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите, откако синоќа на првиот дуел од осминафиналната пресметка со Шалке славеше победа од 2:0.

Творци на победата во Гелзенкирхен беа Кристијано Роналдо кој погоди во 26.минута и Марсело со својот гол во 79.минута.

Вториот синоќешен дуел заврши нерешено. Базел на домашен терен одигра 1:1 со Порто.

Во вторникот на првите два натпревара од оваа фаза во елитното натпреварување немаше победник: Шахтјор – Баерн 0:0 и ПСЖ – Челзи 1:1.

Следниот вторник и среда се играат другите осминафинални натпревари:

Манчестер Сити – Барселона, Јувентус – Борусија Дортмунд (24 февруари),

Арсенал – Монако и Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид (25 февруари).

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега