Двојно намалена цената на влезниците за Купот на Македонија
Претстојниот викенд во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра финалниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија.
Билетите за следење на полуфиналниот Работнички - Куманово, кој ќе се одигра в сабота од 20 часот и 30 минути ќе чинат 150 денари или двојно помалку од првично најавените 300 денари.
Влезот за првото полуфинале (17:30 часот) меѓу организаторот на турнирот МЗТ Скопје Аеродром и Кожув од Гевгелија ќе биде бесплатен.
Финалниот дуел закажан за недела (20:30) ќе може да се проследи за 200 денари.
За време на натпреварите организаторот преку Црвен Крст Македонија, ќе им овозможи на сите присутни гледачи да донираат средства наменети за поплавените подрачја низ државата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа