Анри се враќа меѓу „тоџиите“ како тренер

 

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Тиери Анри ќе се врати во лондонскиот клуб, но сега нема да биде задолжен за постигнување на голови, туку да ги води помладите категории.

Најдобриот стрелец во историјата на „Топџиите“ доби понуда да започне со тренерската кариера, откако во ноември минатата година, како член на американскиот тим Њујорк „Ред Бул“ ја заврши својата играчка кариера.

Сигурно дека младите фудбалери на Арсенал би имале што да научат од големиот ас како Анри, кој беше и стрелец на последниот гол за Арсенал на стариот стадион „Хајбери’’ пред клубот да се пресели на арената „Емирати’’.

Поранешниот француски репрезентативец повеќе пати потенцираше дека Арсенал е неговиот вистински дом и дека планира да остане во фудбалот, односно да стане тренер. Водењето на младинската школа на лондонскиот клуб, односно селекцијата до 16 години во саканиот клуб, за Анри би бил вистински идеален почеток на тренерската кариера.

Шансите да се оствари оваа информација, се дотолку поголеми имајќи предвид дека зад идејата стои актуелниот менаџер на Арсенал и негов сонародник, Арсен Венгер, кој беше и најзаслужен за големите успеси на Анри со лондонскиот тим.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега