ВИДЕО: Ја однесе Словенија на Мундијал, а сега работи како автомеханичар

 

Младен Рудоња, познат како Турбо Руди, одбра необична професија по завршувањето на фудбалската кариера.

Младен „Турбо Руди“ Рудоња некогаш беше херој на цела Словенија, поради голот кој го постигна против Романија за пласман на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја во 2002.година. Во моментов тој работи во Копер како автомеханичар.

Рудоња потпишал договор со комуналното претпријатие во својот роден град, каде како автомеханичар работи за 862 евра месечно.

-Ќе работам како автомеханичар и ќе го водам градскиот автомобилски парк. Автомобилите секогаш биле моја најголема страст, а ова е мојот град, изјави Турбо Руди за „Приморске новице“, копарски локален весник.

Се разбира луѓето од оваа компанија се презадоволни поради неговиот ангажман, бидејќи на целата приказна гледаат како одличен рекламен потег. Исто така се наведува дека Рудоња не добил работа на неопределено време, туку се наоѓа на тримесечна пробна работа.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега