Натпреварот со Шалке е вистинска можност Роналдо да постигне гол

 

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти застана во одбрана на својот фудбалер Кристијано Роналдо кој во последно време е изложен на критики од јавноста поради слабата форма.

- Роналдо одигра добро на натпреварот со Депортиво. Беше квалитетен, пред сѐ на физички план. Покажа одличен интензитет. Убеден сум дека ќе биде уште подобар. Само му е потребно да реализира, а сметам дека вистинска можност за да постигне гол е дуелот со Шалке, изјави Анчелоти.

Италијанскиот стручњак додаде дека Реал е фокусиран на Примера каде се наоѓа на лидерската позиција, но како што рече, неговиот клуб ќе направи се што е во негова можност, трофејот од Лигата на шампионите да не добие нов сопственик.

Натпреварот од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони  меѓу Шалке и Реал Мадрид е вечерва од 20 часот и 45 минути.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега