ВИДЕО: Наместен меч од ЛШ на кој играл и Горан Пандев?!

 

Дуелот помеѓу Динамо Букурешт и Лацио во квалификациите за Лигата на шампионите од 2007-ма година е под истрага, бидејќи постои сомнеж дека резултатот бил наместен.

 

Обвинителството на Романија ги истражува обвинувањата дека мечот во квалификациите во Лигата на шампионите помеѓу Динамо и Лацио од 2007-ма година е наместен. Тоа беше трета рунда од квалификациите, а првиот натпревар одигран во Рим заврши без победник 1:1.

 

Во реваншот во Букурешт, Лацио губеше со 1:0, но до крајот успеа да го сврти резултатот и да слави со 3:1, со што обезбеди пласман во следната рунда со вкупен резултат од 4:2.

Римјаните таа година доживеаја елиминација во групната фаза од Лигата на шампионите.

 

Интересно е тоа што на двата натпревари настапи македонскиот интернационалец Горан Пандев. На реваншот во Букурешт Струмичанецот беше стрелец на вториот гол за Лацио во 53-тата минута. Два гола на овој натпревар постигна Томазо Роки.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега