Не очекувајте чудо, состојбата на Миахил Шумахер останува иста

 

Состојбата во која се наоѓа германскиот возачот Михаел Шумахер е многу лоша, тој  не може да зборува, да се движи, а само на моменти е свесен, пишува Дејли Експрес и додава дека трошоците за лекувањето се искачиле на 14 милиони евра.

Пред речиси 14 месеци Михаел Шумахер тешко настрада за време на скијање на француските Алпи.  Денеска, седумкратниот шампион во Формула 1 се опоравува од тешката повреда на главата, откако помина неколку месеци во вештачки предизвикана кома.

Како што пишува Дејли Експрес неговото опоравување споро се движи. Истиот весник, повикувајќи се на свои извори, пишува дека трошоците за лекување достигнале 14 милиони евра.

Шумахер првично беше лекуван во болница во Гренобл, а пред крајот на минатата година беше префрлен на домашно лекување во неговиот дом во Швацарија.

Засега, во неговото опоравување нема место за чудо. Состојбата на Шумахер е многу лоша, па поради тоа чудо не може да се очекува, пишува Дејли Експрес.

За него се грижи тим од 15 лекари на чело со професорот Жан Францис Пајен, кој го оперирал по несреќата. Професорот често патува низ светот, но речиси постојано е во контакт со семејството на Шумахер.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега