Без победник на првите осминафинални дуели од Лигата на шампионите
Првите два натпревара од нокаут фазата од фудбалската Лига на шампионите завршија без победник.
Во осминафиналето во Париз Челзи остана непоразен во дуелот со ПСЖ- 1:1, пред се благодарение на одличниот голман на гостите од Лондон Тибо Куртоа, кој во неколку наврати спаси сигурен гол.
Челзи поведе со голот на Бранислав Ивановиќ во 36.минута, а изедначи Единсон Кавани во 54.минута.
На вториот осминафинален дуел одигран синоќа на „Арена Л‘вов“ Шахтјор и Баерн одиграа без голови 0:0.
Баерн натпреварот го заврши со 10 играчи откако Чаби Алонсо беше исклучен во 65.минута, а го играше својот јубилеен 100-ти натпревар во Лигата на шампионите.
Вечерва се играат натпреварите Базел – Порто и Шалке – Реал Мадрид.
Почетокот е во 20:45 часот.
Следниот вторник и среда се играат другите осминафинални натпревари: Манчестер Сити – Барселона, Јувентус – Борусија Дортмунд (24 февруари), Арсенал – Монако и Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид (25 февруари).
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа