Пет лица уапсени во Холандија поради местење натпревари
Холандската финансиска полиција уапси пет лица кои се осомничени за местење натпревари, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија.
Тројца од приведените се обвинети дека се учесници во криминална организација која е многу активна во оваа земја и која се занимава со нелегално обложување, еден осомничен е обвинет за фалсификување документи, додека петтото уапсено лице е под сомнение за перење пари.
- Интегритетот на нашиот спорт мора да биде заштитен од криминалците и ние ја поддржуваме секоја акција на полицијата која има за цел да спречи местење натпревари. Ние даваме таква поддршка не само кај нас, туку и низ целиот свет, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Холандија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа