Џек Спероу е љубоморен на Ајронмен
Џони Деп кој го глумеше херојот Џек Спероу во Пиратите од Карибите, верувале или не е љубоморен на „Ајронмен“ бидејќи тој е омилениот јунак на неговиот син.
Роберт Дауни Џуниор и неговата сопруга Сузан дошле на вечера во домот на Деп, а неговиот 11-годишен син бил фасциниран од Ајронмен и изјавил дека му е омилен јунак.
Малиот Џон со одушевување го гледал Роберт Дауни Џуниор и дефинитивно неговиот татко се почувствувал запоставено.