Во четврток и петок прскање против комарци во Скопје

Од Град Скопје известуваат дека првиот наврат на авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Град Скопје, ќе се реализира на 20. и 21. јуни, во периодот од 07.00 до 11.00 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта,  канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина како и течението на реката Вардар.

 

 Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

најчитано сега