Грчката телевизија ЕРТ сепак се враќа во етер?
Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска повторно предложи државната радио и телевизија ЕРТ да биде „привремено повторно отворена“ под раководство на трипартиска комисија, соопшти неименуван извор од владата.
Комисијата составена од претставници на трите партии во владината коалиција, ќе има задача да именува одреден број новинари кои ќе работат на државната радио и телевизија, додека не биде усвоен нов предлог закон за јавнот медиумски сервис, изјавил Самарас, според истиот извор, пренесува БТА.
При создавањето на новиот сервис ќе помогнат странски консултанти од Би-Би-Си и други европски компании.