МОК со честитка до ракометарите

Македонскиот олимписки комитет и претседатекот Васил Тупурковски испратија честитка до македонските ракометари за учинокот на Мундијалот во Катар.

Македонија своите натпревари ги заврши со пораз во осминафиналето од Словенија од 30:28, а во честитката испратена до нив и до претседателот на РФМ Живко Мукаетов се вели:

-Почитуван г-дине претседател, Македонскиот олимписки комитет ја користи оваа прилика да ви го честита постигнатиот успех на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Доха, Катар. Силно веруваме дека Македонската ракометна репрезентација на ова светско првенство даде се од себе, дека покажа голема борбеноста и дека подготвено влезе на ова Светско првенство за да ја постигне зацртаната цел и да обезбеди пласман на квалификационот турнир за учество на ОИ Рио 2016. Со секоја победа нашата радост беше се поголема, и иако поразот од Словенија ни предизвика голема тага, сепак играта и пожртвуваноста на македонските ракометари не уверија дека нивната игра и однесување беа на највисоко можно ниво. Во овој момент ја изразуваме нашата искрена желба и верба дека на претстојното Европско првенство во Полска, ќе биде остварена зацртаната цел и дека ќе биде реализирано долго очекуваното учество на најдобрите македонски ракометари на Олимписките игри во Рио, 2016 година, се вели во честитката од МОК потпишана од претседателот Васил Тупурковски.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 15:11
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега