Место затвор Меси слободата ќе ја купи со 10 милиони евра

 

Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси, и покрај кривичната пријава за затајување на данок од четири милиони евра, не му се заканува казна затвор од шест години, како што пренесоа вчера шпанските медиуми, туку максимални би можел да плати обештетување од 10 милиони евра. Финансиските експерти во Шпанија го советуваат Аргентинецот да го прифати договорот, и се да се заврши без голема прашина и на тој начин да не се загрози позитивниот имиџ и големите милионски спонзорски договори. Сумата од 10 милиони евра не би требало да претставува проблем за Аргентинецот, затоа што само како играч на Барселона, годишно заработува 16 милиони и уште толку од спонзори. Шпанскиот државен обвинител поднел пред два дена кривична пријава против Меси и неговиот татко во кој ги обвинуваат дека намерно избегнувале плќање на четири милиони евра на име данок во периодот од 2006 до 2009 година. Како што наведуваат, тие парите од спонзорските доовори ги добивале на приватни сметки кои биле регистрирани во Уругвај и на тој начин избегнувале плаќање на данок во Шпанија. 

 

 

најчитано сега