ФОТО: „Делије“ со свински нозе по кошаркарите на Галатасарај

 

Навивачите на Црвена звезда не ги послушаа апелите на клупските и државните официјални лица, кои со денови наназад пред средбата со Галатасарај апелираа да се воздржат од било какви провокативни гестови.

Покрај традиционалното скандирање „Убиј го Турчинот“, кога се во прашање мечевите помеѓу српски и турски тимови, навивачите на Црвена звезда на паркетот свински нозе.

Завиткани во фолија, две –три се најдоа на паркетот пред играчите на турскиот тим.

Исто така имаше и транспарент со нацртано прасе, кој се најде меѓу навивачите на српскиот тим.

Инаку, мечот помеѓу Црвена звезда и Галатасарај беше програсен за меч од висок ризик, поради убиството на навивач на тимот од Белград во ноември минатата година во Истанбул, во пресрет на нивниот прв меѓусебен дуел во Евролигата.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега