НОВИ ДЕТАЛИ: Никола не ја фрлил жената од покривот на Детската Клиника

32 годишната жена која вчера беше убиена на Детската клиника во Скопје небила фрлена од покривот. Од таму во бесознание ја симнала лекарска екипа и ја однела на реанимација во одделението за интенивна нега на Детската Клиника. Според информациите,  лекарите два часа се обидувале да ја реанимираат, но не успеале да и го спасат животот.
Осомничен за убиство на 32 годишната девојка од Петровец е 22 годишниот Никола Кузмановски од истото скопско село.
Според неофицијалните информации, тој со 32 годишната жена која работела како медицинска сестра на Детската Клиника се качил на покривот на зградата. Таму почнале жестока расправија. Пртпоставките се дека тој ја задавил. Кога увидел што направил, се заканил дека ќе се самоубие. Им дозволил на лекарите да го земат нејзиното тело и да го однесат на реанимација.
Била повикана полиција. Подолг период 22 годишниот Никола стоел на покривот и се заканувал дека ќе се самоубие. Полициските специјалци на крајот успеале да го одвратат од намерата да си го одземе животот. оспуштиле на земја и го привеле.
32 годишната медицинска сестра која беше убиена имала малолетно дете.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега