Ја претепале до смрт па ја мачкале со паста за заби - детали за убиството на тригодишната Мевљана

Тригодишната Мевљана била претепана до смрт. За да ги сокријат модринките обвинетите ја мачкале со паста за заби по цело тело , сведочи мајката на Мевљана.  Вештаците од судска медицина   во судница потврдија  дека девојчето  не починало од  паѓањето  по скали , како што тврдеа обвинетите  Џемаил и Јасмина, јавува Сител.

Девојчето имало повреда на главата  која најверојатно е нанесена со тупаница, и биле скршени ребра од двете страни на градниот кош, кои најверојатно се нанесени со удар  на дланка, а имало и тешки повреди на стомакот, кои се предизвикани од тупаници или клоци. На левата надлактица имала повреди нанесени од кабел, вел вештакот од Судска медицина.

Единствените сведоци кои ја откриле вистината се  малолетните дечиња на обвинетите и  петгодишното братче на Мевљана . Тие  на психијатрите  раскажале дека   Мевљана била претепана  бидејќи мокрела во гаќи и на тепихот.

– Барам правда за мојата ќерка, сакам доживотно да ги осудат ...вели мајката на малото девојче.

Овој случај дефинитивно ја згрози и потресе Македонија.

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега