Момче од скопско Петровец ја убило девојката: Крај на драмата на Детска клиника

Алфите успеаа да го симнат од покривот на детската клиника машкото лице кое вечерва изврши убиство, дознава Press24 Од полициски извори. Според нашите информации, убиството го извршил 22 годишниот Н.К. од скопско Петровец. Од полицијата се уште нема официјални информаци во какви околности се случило убиството. Од таму потврдуваат дека специјалните полициски единици успеале да го убедат 22 годишниот Н.К. да се симне од покривот, но не откриваат детали, како настапила смртта кај девојката. 

Press24 веќе објави дека нешто по 20 часот Н.К. највероатно ја убил својата девојка по што сакал а се самоуби фрлајќи се од покривот на Детската клиника

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега