Штом ќе пристигне во Италија, Балотели ќе биде уапсен?

 

За Марио Балотели фудбалските стручњаци одамна рекоа дека се работи за голем талент кој би требало да се вивне до ѕвездите, сепак неговото лошо однесување и бурниот темперамент го спречија во тоа.

Супер Марио не може да се контролира на теренот, но и надвор од него, а тоа го потврдува и веста дека напаѓачот ќе биде уапсен штом ќе се врати во Италија.

Причина за тоа е што Балотели една година не платил ниту една сообраќајна казна, а како што наведуваат италијанските медиуми ги има многу.

Казните се различни, од непрописно паркирање, до брзо возење, а за сите тие казни должи 10.000 евра.

Италијанецот на дневно ниво од фудбалот заработува многу повеќе пари, па поради тоа чудно е зошто одбива да ги плати казните.

Како и да е, останува да се види дали кога ќе се врати во Италија, Балотели навистина ќе заврши зад решетки и ќе ги плати казните.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега