Митев го напушти кормилото на МЗТ Скопје
Боби Митев поднел оставка на тренерската позиција во МЗТ Скопје по синоќешниот пораз од Будуќност, а оваа информација се очекува денеска да ја потврдат и од таборот на тимот од Аеродром.
Митев на ваквиот чекор се одлучил поради односот на некои играчи, за кои смета дека не се ангажираат максимално од почетокот на мечот, проблем кој според него, веќе се случува на петти натпревар по ред.
Претходно оваа сезона тренерското место на македонскиот кошаркарски шампион го напуштија Змаго Сагадин и Врбица Стефанов.
Оцени ја веста
05.01.2015 - 10:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа