Митев: Ова е срамота, некои играчи на го заслужуват аеродромскиот дрес - пак пукна во МЗТ

 

МЗТ Скопје со пораз ја стартуваше 2015 година. Тимот на Будќност од Подгорица лесно мина во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Црногорците слава со 65:81.

По поразот, тренерот на МЗТ Скопје, Бобан Митев, беше лут и нервозен. На прес конференцијата ги нападна своите играчи, кои, според него, повторно на недозволив начин ја почнале средбата,

„Ова е петта средба во континуитет во која не ни оди во првото полувреме. Дали е тоа одбивање на мојот начин на работа или нешто друго, навистина не знам. Спремен сум да си одам од овој клуб, ако играчите сметаат дека така работите ќе тргнат во позитивна насока. Во првото полувреме никој не сака да игра, а во второто се мачиме, па после судиите ни се за виновни за сѐ. Кошаркарите треба да размислат дали заслужуваат да го носат дресот на овој клуб, односно дали јас заслужувам да го предводам МЗТ Скопје. Вака повеќе не оди. Дел од нив се борат, а на другите им е сеедно. Очигледно е дека постои некој проблем. Јас немам намера да ја менувам тренерската филозофија. Доколку играчите сметаат дека таа не е добра, тогаш ќе си заминам. Јас повеќе од ова не можам да направам. Ова е срамота“, револтирано изјави Митев на прес-конференцијата по мечот.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега