Ученици од цела Македонија на Еко-камп на Голак

 

На планината Голак кај Делчево се одржува Еко-камп за ученици од основните училишта. Еко-кампот се одржува во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем„ 

Учесници на Еко-кампот се педесетина ученици од девет училишта од повеќе места во Република Македонија, меѓу кои и пет од Општинското основно училиште „Ванчо Прке„ од Делчево. На одржувањето на Еко-кампот му претходеше натпревар во изработка на играчки од рециклирачки материјали, организиран и спроведен од невладината организација ОХО, како еден сегмент од имплементацијата на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.

За време на престојот на Голак учесниците во Еко-кампот, покрај теоретските знаења, ќе имаат и практични вежби за заштита на биодиверзитетот во Туристичко-рекреативниот центар. За најдобрите ученици од мрежата на Еко-училишта во Републикава, на Голак во текот на месецов, ќе биде организиран уште еден Еко-камп.

најчитано сега