МЗТ поразен во Задар

Лошиот почеток беше причина за новиот пораз на македонскиот првак вкупно десетти во лигата. Тимот на Задар највисоката разлика од 23 поени (39:16) ја имаше во 15. минута. Во вториот дел МЗТ Скопје успеа да ја намали предноста на ривалот и во 26. минута беше 48:44, а на 25 секунди беше и три поени за Задар (72:69), но играчите на тренерот Боби Митев немаа сили за пресврт.
Иве Иванов и Џејмс Флоренс со по 24 поени беа најефикасни кај Задар, додека за МЗТ Скопје 20 поени и 11 скокови забележа Предраг Самарџиски.
На другите дуели одиграни вчера од 15. коло од АБА лигата: Црвена Звезда – Цибона 80:64 и Цедевита – Олимпија 66:60. Вечерва се игра и натпреварот Крка – Партизан.
Денеска на програмата се два дуела: Будуќност – Игокеа и Мега – Левски, додека последниот дуел Металац и Шолнок на програмата в понеделник.
Табела: Црвена Звезда 15-0 (победи-порази), Будуќност 11-3, Цедевита 11-4, Олимпија 8-7, Цибона 8-7, Партизан 7-7, Задар 7-8, Крка 6-8, Мега 6-8, Шолнок 6-8, Игокеа 5-9, Металац 5-9, МЗТ Скопје 5-10, Левски 1-13.
Оцени ја веста
28.12.2014 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа