Европскиот центар не очекува големи поплави по долниот тек на Дунав

 

Европскиот центар за справување со кризи денеска соопшти дека не очекува сериозни проблеми и големи поплави во долниот тек на реката Дунав.

- Во моментот вниманието ни е насочено кон оваа река. Високиот бран се движи во јужните делови на Унгарија и очекуваме да видиме што ќе се случи во Србија, Бугарија и Романија, изјавуваат од Центарот.

Во исто време, началникот на секторот за вонредни состојби при српското Министерство за внатрешни работи Ѓорѓе Бабиќ соопшти дека нивото на Дунав во Србија значително се зголемило достигнувајќи речиси 734 сантиметри и дека постои опасност од излевање на реката во северните делови на Србија.

Хрватската телевизија јави дека властите прогласиле вонредна состојба долж текот на Дунав во Хрватска, откако нивото на реката во Вуковар достигнало 660 сантиметри. Хрватските експерти проценуваат дека до крајот на денот нивото на Дунав кај Вуковар може да достигне 720 сантиметри. 

најчитано сега