ВИДЕО: Емотивно новогодишно обраќање на Лино Червар

 

Тренерот на Металург Лино Червар преку клупскиот ТВ канал имаше новогодишно обраќање. Хрватскиот стратег им се извини на сите фанови на Металург, на сите љубители на ракометот во Македонија за разочарувањата во изминатите два-три месеци. Сепак, Червар потенцираше дека сите успеси во изминатите неколку години не можат да се избришат со сунѓер туку така.

Тој воедно вети дека од идната година Металург повторно ќе се врати на старата слава, со македонски концепт, со македонски таленти и дека идната година повторно ќе видиме еден атрактивен и квалитетен Металург.

 

 

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега