ШОК: Почина македонски ракометен репрезентативец

 

Во 49. година од животот, по долго боледување почина легендата на македонскиот и битолскиот ракомет Боро Чурлевски.

rakomet-curlevski-500

Чурлевски кариера како играч ја почнал во Пелистер во 1984. година со кој 3 пати ја освојуваше вице-шампионската титула во СФРЈ во периодот помеѓу 1984. и 1990. година, Една сезона (1989) помина во Црвенка, за повторно да се врати во Пeлистер од каде во сезоната 1991/92 премина во Тутунски комбинат од Прилеп, со кој ја освои титулата во Втората ракометна лига на СФРЈ.

По осамостојувањето, кариерата ја продолжи во Борец од Велес со кој во 1993 го освои Купот на Македонија, пред повторно да се врати во матичниот Пелистер, каде во период од 5 години (1994-1999) освои 4 првенства и 5 Купови на Македонија.

Во сезоната 1999/00 играше во грчкиот Килкис, а кариерата ја заврши во црногорскиот тим Ловќен со кој ја освои шампионската титула во Црна Гора во сезоната 2000/01.

curlevski-500

Има одиграно многу натпревари за националниот тим на поранешна Југославија, освојувајќи бронзен медал на Светското првенство во Романија 1987 . Беше дел од првиот состав на македонската ракометна репрезентација со која учествуваше на ЕП во Италија во 1998. и СП во Египет наредната година.

Многу пати е прогласуван за најдобар играч и најдобар стрелец на турнирите на кои настапувал: Меѓународен турнир – Добој 1994/96 г., Струга 1994/96 г., Меѓународен турнир – Лесковац 2000 г., најдобар стрелец во 1989 г. во Светозарево и 1992г. во Струга.

Тренерската кариера ја започна во Пелистер, а работеше и во грчкиот Килкис, косовските Кастриоти и Беса, во женската екипа на Патра и во Либија.

Последен негов ангажман беше на позицијата тренер на РК Прилеп, на чија клупа седна во септември годинава.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега