Истражување: 12 проценти од жените се алергични на сперма
Според најновите спроведени истражувања експертите тврдат дека дури 12 проценти од жените се алергични на сперма.
Докторот Мајкл Керол, кој предава на студиите за наука за репродукција на Метрополис универзитетот во Манчестер, изјави дека најмногу се погодени жените на возраст меѓу 20 и 30 години кај кои симптомите на алергија најчесто се појавуваат еден до два часа откако ќе дојдат во контакт со спермата. Иритација, чешање, болно уринирање и екземи се симптомите на алергија.
Докторот со своите колеги извршил засега необјавено истражување, кое покажува дека од оваа алергија се погодени 12 отсто од жените кои најчесто ги мешаат овие симптоми со сексуално преносливите болести.
При алергија ефикасни се покажале апстиненцијата од секс и секс со кондом.