Руни: Новите играчи мора да се навикнат на празничен фудбал

 

Англиските фудбалски клубови по традиција играат натпревари повеќе од вообичаеното за време на Божикните празници. Таквото темпо не е практика во другите лиги, па затоа фудбалерот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни, знае дека тоа им е чудно на новите играчи во Премиер лигата.

- Верувам дека на новите фудбалери им е чудно што имаме повеќе натпревари за време на Божикните празници, отколку што тие се навикнати. Мораат да се навикнат на ваквиот распоред и да бидат подготвени за следните дуели, изјави Руни.

Тој се заблагодари на тренерот Луј ван Гал што на екипата и даде слободен ден за време на Божик.

- Најпосле и ние да не тренираме и на овој убав ден да бидеме со семејствата, рече Руни.

Манчестер Јунајтед веќе утре на „Боксинг деј“ се среќава со Њукасл на домашен терен, а по два дена (28 декември) ги очекува натпреварот со Тотенхем во Лондон.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега