Ноер не е на исто ниво со Меси и Роналдо

 

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер се пожали дека е хендикепиран во борбата за „Златната топка“ поради тоа што на глобално ниво не е популарен како што се Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

- Горд сум поради мојата номинација и влезот во најтесен круг за освојување на „Златната топка“. Сепак моите противкандидати имаат предност од аспект на нивната популарност на глобално нивно. Мојот хендикеп е тоа што тие се бренд, смета германскиот чувар на мрежата на Баерн.

Ноер заедно со Роналдо и Меси се тројцата кандидати за освојување на „Златна топка“ за 2014 година, награда која се доделува на најдобриот фудбалер за изминатите 365 дена.

Со репрезентацијата на Германија, Ноер годинава го освои Мундијалот во Бразил, а со Баерн Минхен шампионатот во Германија.

 

 

Оцени ја веста

25.12.2014 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега