ВИДЕО: Дивац поентираше од половина терен и освои 90.000 долари

 

Легендата на српската кошарка, Владе Дивац, кој од 2005 година е во пензија, се уште знае да ги задоволи страсните љубители на кошарката, особено кога станува збор за хуманитарни цели.

Тој беше гостин на мечот меѓу неговиот поранешен клуб Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт во НБА лигата.

Дивац на полувремето направи атрактивен потег, постигнувајќи кош од половина терен, при што освои 90,000 долари. Парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Дивац со кариерата стартуваше во НБА со тимот на Лејкерси, тим за кои играше од 1989 до 1996 година. Во истиот тим ја заврши и кариерата во 2004/05.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега