Тоти најавува борба со Јувентус до самиот крај
Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, истакна дека „Волчицата“ до последното коло ќе се бори со Јувентус за титулата првак на Италија.
Римјаните на затворањето на 2014- година одиграа дуел без голови со Милан на Олимпико, па затоа по 16 кола се втори со три поени зад лидерот од Торино.
„Верувајте ми Рома нема да се предаде до последното коло, се додека има шанси да го освои шампионскиот наслов“, рече искусниот Тоти.
Со мислењето на принцот на Рим се согласува и десниот бек Мајкон кој смета дека екипата ќе биде уште подобра во вториот дел од шампионатот.
„Би рекол дека добро напредуваме, но мораме да бидеме и „лоши момци“ понекогаш“, вели Бразилецот за медиумите од Апенините .
„На пример, против Милан топката го погоди Најџел де Јонг во дланка, што можеше да го промени текот на натпреварот, но јас работам за својот тим, не разговарам со судиите“, рече Мајкон.
Наредниот меч на Рома е на 6-ти јануари кога ги очекува пат во Удине додека Јувентус истиот ден ќе го вгости Интер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа