Македонија и Израел ќе одиграат хуманитарен ракометен натпревар

 
Машката ракометна репрезентација на Македонија од вчера ги започна подготовките за СП во Катар. Како дел од подготовките за Мундијалот, нашите ракометари ќе одиграат неколку контролни натпревари, а првиот ќе биде од хуманитарен карактер.
 
Првиот противник ќе биде Израел во двомечот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански’’ во Скопје. Првиот натпревар против Израел кој ќе се игра во недела 28-декември и ќе има и хуманитарен карактер. Имено, остварениот приходот од влезниците за овој натпревар РФМ ќе ги донира на оние на кои им е потребна помош, внимание и љубов, децата од „СОС Детско село’’.
 
Билетите кои веќе се пуштени во продажба преку мрежата на МК Тикетс, се со симболична по 100 и 150 денари. 
 
Покрај овој натпревар Македонија и Израел ќе играат и во понеделник ќе, но вториот дуел ќе биде од затворен тип.
 
По новогодишните празници, македонската репрезентација ќе патува на турнирот во Франција, Нант, каде на 9 јануари ќе игра со Алжир, додека на вториот дуел ќе играат Франција и Аргентина. Во зависност од исходот следниот ден играат меѓусебе репрезентациите кои ќе победат и оние кои ќе загубат.
 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега