Фергусон: Мурињо добро изгледа и се освојува
Сер Алекс Фергусон на интересен начин зборуваше за својот долгогодишен ривал, но и пријател Жозе Мурињо, во најновиот документарец на телевизијата БТ спорт.
„Не е фер“, малку завидно Ферги ја почнал приказната.
-Тој добро изгледа, малку потсетува на Џорџ Клуни, а зборува и пет јазици. Кариерата ја започна како преведувач на Боби Робсон, потоа му помагаше на Ван Гал во Барселона. Цело време учеше, стана тренер, иако никогаш не играл фудбал, вели Фергусон, кој притоа додава:
-Беше тренер на мал тим во Португалија, па го превзема Порто и ги освои сите можни трофеи. Потоа замина во Челзи и освојуваше трофеи, па истото и во Интер. Мислам дека Мурињо е пример кој треба да се следи за да постигнете нешто во животот. Не смеете да дозволите пречките да ве спречат во тоа, вели Ферги.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа