Македонските ракометари на котролка против Израел

 

Македонската ракометна репрезентација на 28 декември ќе одигра пријателски натпревар со Израел, дуел кој ќе има хуманитарен карактер.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи приходот од продадените влезници од оваа средба да оди во хуманитарни цели, односно да биде дониран на „СОС Детското село“.

Цените ќе бидат симболични, од по 100 и 150 денари, а ќе бидат пуштени во продажба в понеделник преку продажната мрежа на „МК-тикетс“.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Јане Санданси“ со почеток од 17 часот и 45 минути.

Ова за избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе биде прв тест на подготовките за Мундијалот во Катар кој почнува на 16 јануари идната година.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега