Целосна реконструкција на ФК Пелистер

 

Битолскиот прволигаш информираше дека спогодбено ги раскина договорите со неколку фудбалери.

Дресот на Пелистер повеќе нема да го носат Благојче Главевски, Димче Ристевски, Тони Магловски и Дејан Велевски, како и фудбалерот Благојче Марковски на кој на истекот на договорот не му е понудена нова соработка.

На овие фудбалери, како и на фудбалерите кои претходно го напуштија клубот, Владица Брдаровски, Кирил Динчев, Бошко Ступиќ и Горан Ганчев, во името на управниот одбор, стручниот штаб и навивачите, Пелистер им се заблагодарува за професионалноста во периодот во кој го носеа зелениот дрес.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега